Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на Црвен Крст од Куманово до средината на месецов, ќе донира пакети со храна на дваесет загрозени семејства од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Средствата се собрани во месец октомври за време на Недела на гладта, со продавање на бончиња по симболична цена на граѓани и компании.
Ќе донираме за сиромашни семејства и инвалиди во трите општини. Последните две - три години одзивот за донирање е многу послаб од порано - велат од Црвен Крст Куманово.
Велат дека порано за време на Недела на гладта, се случувало да соберат средства за набавка на пакети со храна дури за 40 семејства.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk