Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со симболично гаснење на светлата и палење на свеќи вечерва во 19.45 часот во просториите на Црвен Крст Куманово ќе биде одбележан Часот на планетата земја.
Црвен Крст традиционално го одбележува овој датум. Со тоа што ќе се изгаснат светлата ќе нема зрачење што е добро за планетата земја - велат од организацијата.
Петта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на Часот на планетата Земја, најголемата светска волонтерска акција.
Во рамки на акцијата, во период од 20.30 до 21.30 часот ќе биде исклучено осветлувањето на спомениците и останатите јавни објекти низ 154 држави ширум светот, меѓу кои дел е и Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk