Црвен Крст додели благодарници на соработниците

12.12.2012 13:32 | KumanovoNews

 Црвен Крст Куманово денеска во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ организираше Отворен ден за учениците каде ги презентираше своите активности, а на соработниците им додели благодарници.

Црвен Крст додели благодарници на соработниците

- Ова се прави по повод 5 декември - Светскиот ден на волонтерите. За сите основни и средни училишта албански и македонски, за Центарот за култура, “Оли травел“, СВР Куманово, Порака наша, сокара “Кварто“, ТВ Нова, “Куманово Њуз“ има благодарници за успешна соработка. Општо ја промовиравме работата на организацијата, имаше присутни ученици и професори. Овој настан е традиционален - рече Сања Стојмановска, координатор на млади во Црвен Крст.

Во наредниот период од оваа организација очекуваат да им се зголеми бројот на нови волонтери. Ова е трет настан со кој се одбележува Светскиот ден на волонтерите. Претходно имаше исценирана сообраќајка , укажување на прва помош и мини ликовна колонија во понеделникот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk