Црвен Крст достави помош во Тоде Мендол

19.05.2015 11:37 | KumanovoNews

Волонтерите од Црвен Крст Куманово вчера доставија храна и постелнина, донација од компании за жителите на населбата Тоде Мендол.

Црвен Крст достави помош во Тоде Мендол

Се очекува помош да пристигне и од Црвен Крст Тетово, по што истата ќе биде однесена на загрозените семејства.

“Здравата храна е од скопска фирма, а јорганите и постелнините од прилепска компанија. Има и кумановски фирми кои директно отишле во Тоде Мендол и однеле помош. Како што ќе се пријавуваат компании, така и помошта ќе биде доставувана до граѓаните. Сепак основните потреби на населението се задоволени“ - вели Иле Митковски, секретар во Црвен Крст Куманово.

Митковски вели дека покрај хуманитарна помош, на овие граѓани им е потребна и психо-социјална помош и поддршка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk