Црвен Крст го одбележа Светскиот ден на волонтерството

07.12.2015 10:18 | KumanovoNews

По повод 5 декември - Светскиот ден на волонтерството, волонтери од Црвен Крст  Куманово викендов на симболичен начин го одбележаа и прославија денот.

Црвен Крст го одбележа Светскиот ден на волонтерството

Волонтерите ги пишуваа своите пораки за тоа како тие го сфаќаат волонтирањето, а подоцна истите беа изложени на Градскиот плоштад каде граѓаните ги читаа и  даваа свои мислења.

Во исто време на Градскиот плоштад се сретнавме со Мозаик Волонтерски Центар кои беа таму со иста цел, одбележување на Светскиот ден на волонтерството, со што уште повеќе го докажавме значењето на волонтерот и волонтирањето“-велат од Црвен Крст.

Црвен Крст Куманово има 254 членови, од кои 70 волонтери се активни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk