Црвен крст однесе помош на семејството Димковски во Габреш

12.12.2018 18:11 | KumanovoNews

Волонтерите на Црвен крст Куманово, денеска однесоа хуманитарна помош на семејството Димковски во селото Габреш, кое останаа на улица откако им изгоре куќата. При тоа им предадоа прехрамбени пакети, вода, кебиња и топла облека.

Црвен крст однесе помош на семејството Димковски во Габреш

Пожарот во куќата на тричленото семејство избувнал вчера во 4 часот по полноќ, а пламенот брзо се ширел и ја зафатил целата куќа. Пожарот ги затекнал на спиење, но за среќа нема повредени. Пламените јазици проголтале се што макотрпно создавале низ годините.  Семејството со 5 годишната ќерка сега е сместено во куќата до нив, кај чичкото на Горан. Немаат ниту вода ниту струја. Двајцата родители не се вработени, се занимаваат со одгледување на добиток. Вода за пиење позајмуваат од соседните куќи во селото.

Сите хумани луѓе и фирми можат да донираат на Горан Димковски на сметка 200002282505440 Стопанска Банка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk