Црвен крст однесе помош на семејството Спасиќ во Ново Село

13.02.2020 15:36 | KumanovoNews

Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово, денеска однесоа хуманитарна помош во храна, облека, вода, кебиња, обувки, училишен прибор и играчки за децата, на седумчленото семејство Спасиќ во Ново Село, кумановско.

Црвен крст однесе помош на семејството Спасиќ во Ново Село

Горан е благодарен на сите хумани луѓе коишто му помагаат, но и на оние коишто му даваат поддршка во овие тешки моменти за него и неговите дечиња.

- Ме прашувате што ми треба?! Сиромаштија голема, се` ми треба. Јас и самиот работам, но тоа не е доволно со оглед на потребите на децата. Ми фали мебел, телевизор, покуќнина, постелнина, кревети за дечињата, но најмногу од се` градежен матерјал за да ја поправам куќата. Сакам децата да имаат посебни соби, затоа што веќе се големи да спијат сите заедно и сакаат да им дојдат другарчиња, - вели Горан.

 Тој додава дека децата денеска најмногу се израдувале на играчките и училишниот прибор, но тој е задоволен од се` што добиле.

 Самохраниот татко се грижи за своите пет дец веќе две години, откако жената му ненадејно починала.  Секое предпладне е на работа, а попладне готви, пере, чисти, за да создаде бар минимални услови за наредниот ден. Додека е тој отсутен за децата се грижи неговиот татко, но и тој има сериозни здравствени проблеми. Повремено му помага неговата сестра и зет, кои живеат во соседното село, а го подржуваат и соседите, но Горан вели дека во куќата намногу фали женска рака, а тој се обидува на децата да им ја надомести и мајчинската љубов.     

Децата се на возраст од три, пет, седум, девет и дванаесет години, а четири од нив одат на училишта.

Сите хумани граѓани којишто сакаат да помогнат можат да го контактираат Горан на тел.072/261-402.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk