Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвениот крст Куманово, однесе помош на шестчленото семејство на Добре во село Градиште, кое живее во субстандардни услови.
Хуманитарна помош која се состои од: брашно, прехрамбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки.
Воедно Црвен крст Куманово оваа семејство ќе организира хуманитарен – спортски настан, а средствата ќе бидат наменети за подобрување на условите за живот за оваа семејство.
„Воедно апелираме до сите хумани граѓани доколку имаат покуќнина од тип на кревети, каучи, комоди и сл. кои не ги користат да ни се обратат и заеднички да погнеме на оваа семејство. Црвен крст Куманово ќе продолжи да контактира со семејството и во рамките на своите можности ќе му пружа најнеопходна хуманитарна помош„, - соопштуваат од Црвен Крст Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk