Црвен Крст организира камп во Кокино

05.08.2015 13:21 | KumanovoNews

Општинската организација на Црвен Крст Куманово од утре до 9 август во селото Кокино, организира камп за своите и волонтери од Ниш, Кочани и Крива Паланка.

Црвен Крст организира камп во Кокино

Темата на кампот е “Подготвеност и одговор при катастрофи“, а ќе присуствуваат околу 35 волонтери.

“Предавањата ќе ги држат претходно обучени волонтери од Клубот на млади при Црвен Крст. Ќе има теоретски дел и практичен дел со вежба. Кампот на некој начин е награда за волонтерите за нивната активност и мотивација така да продолжат“-велат од Црвен Крст Куманово.

Кампот е традиционален и секоја година е со различна тема.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk