Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвен крст од утре отвора телефонска линија за психосоцијална поддршка на граѓаните на Куманово и соседните општини.
Граѓаните ќе можат да се обратат на телефонскиот број 076-787-412 . Психосоцијалната поддршка е наменета за сите граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Лицата кои ќе се обратат ќе можат да добијат психосоцијална поддршка.
Истовремено екипа од општинската организација Куманово заедно со членови од локалната самоуправа вршат услуги - купување и достава на лекови и намирници на сопствен трошок на семејствата. Оваа услуга веќе неколку дена се применува и можат да ја користат повозрасните лице (болни и немоќни) преку јавување на телефонските броеви 075/207-126 и 077/719-494.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk