Да помогнеме Теодосија да ја победи тешката болест

10.11.2023 07:20 | Сузана Николиќ

Општинска организација на Црвен крст Куманово, ги повика граѓаните да се вклучат во собирање на донации за лекување на малата Теодосија Лазаревска. 

Да помогнеме Теодосија да ја победи тешката болест

„Почитувани сограѓани на нашата мала сограѓанка Теодосија повторно и е потребна нашата помош. Ве замолуваме сите заедно да ги соединиме нашите сили и да учествуваме во борбата за обезбедување на нејзино безгрижно детство. Ве повикуваме да го споделите овој пост во што е можно поголем број, а воедно и ве информираме дека на утрешниот настан кој што ќе се одржи на Градскиот плоштад со почеток од 20 часот, а по повод одбележување на празникот на нашиот град, ќе имате можност да донирате парични средства на штандови кои што ќе бидат поставени од наша страна“, објави Црвен крст Куманово.

Теодосија Лазаревска од Куманово уште нема четири години, а веќе се бори со тешка болест -  тумор на бубрег (Wilms). 

По онколошкиот третман и операцијата во Скопје,  девојчето замина на лекувањето во Турција. Со навремено обезбедување на средствата  Теодосија побрзо ќе заврши со лекувањето и ќе се врати дома да ужива во детската игра заедно со нејзиното семејство.  

Да помогнеме сите заедно малата Теодосија да излезе победник од најтешката битка во животот. Да донираме за насмевката на Теодосија да продолжи да го краси овој свет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk