Црвени гербери за кумановки

08.03.2012 12:51 | KumanovoNews

   По повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска делеа цвеќиња на Градскиот плоштад и се вклучија во одбележување на празникот.

Црвени гербери за кумановки

На сите наши сограѓанки, мајки и жени,  независно од политичката, националната и верска припадност со подарување на цвет симболично сакаме да им го честитаме денешниот ден а истовремено и да искажеме голема почит кон нив, каква што и заслужуваат. Сакаме да апелираме до сите, дека почитта и љубовта нашите мајки и жени ја заслужуваат и треба да ја имаат секојдневно, а не само на овој ден- рече Срѓан Ивановски претседател на УМС.

Сите девојки, мајки и жени што поминаа на плоштадот добија црвен гербер и каранфил.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk