Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денес попладне и во ноќните часови ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни така што локално се очекуваат над 30 l/m2 дожд.
Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде на места се можни локални излевања со посебно внимание на југоисточните делови и струмичкиот регион, предупредуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„И кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на реките Радика, Сатеска, Треска и горниот дел од сливот на Вардар се очекуваат значително високи водостои. Исто така, поради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде би се појавиле ваков тип на врнежи. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден“, велат од ЦУК.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk