Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово во чест на заминувањето на евро-амбасадорот Ерван Фуере ќе организира Чваркијада.
Манифестацијата во недела ќе се одржи во рекреативниот центар Пелинце, а има за цел на оргинален начин да ја покаже традицијата на градот пред повеќе амбасадори во државата. Програмата предвидува гостите активно да се вклучат во подготовката на македонските специјалитети, од обработката на свежо месо, до топење на чварки и собирање маст.
Оваа манифестација ќе му биде поветена на амбасадорот Ерван Фуере, на која градоначалникот ќе му врачи плаќета во знак на благодарност за се што го стори за Општината во неговиот мандат и за сета несебична помошта што ја пружаше во многу значајни моменти. Со овој потег сакаме да направиме несекојдневно испраќање, кое ќе го памети и преку нашите обичаи, традиција и култура на исхраната. Покрај евроамбасадорот засега имаме најава дека ќе дојдат уште десетина други амбасадори, меѓу кои и амбасадорката на Грција-вели Жика Крстевски, раководител во Секторот култура.
На „Чваркијадата„ ќе се подготовуваат специјалитети од месо од македонската кујна во кое ќе учествуваат и дипломатите, а во големи казани ќе се варат чварките. Сето ќе биде проследено со културно-уметничка програма,оркести со народни инструменти, тамбураши, играорци од КУД „Панче Пешев и пејачот Наум Петревски„.
Оваа манифестација пред 8 години ја започнаа членовите на Здружението Коледар, а по пет години пауза се обновува под покровителство на градоначаникот и Советот на Општината.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk