Цвеќе и за загинатите српски пилоти

09.05.2011 15:19 | KumanovoNews

 По повод 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, на споменикот на Авијатичарите во Долно којнаре, цвеќе положија  делегации на политички партии и здруженија на граѓани на Србите во Македонија.

Цвеќе и за загинатите српски пилоти

Регионалната организација на српската заедница од Куманово, и Српската зедница во Македонија, денеска организираа посета на споменикот на пилотите, кои беа жртви на 6 април 1941 година во првите налети на германската авијација. Македонија и Србија во војната беа на страна на сојузничките сили Америка, Русија и Велика Британија, а сега се ориентирани кон влез во ЕУ, и сите се надеваме дека наскоро ќе влеземе во големото семејство. Затоа и нашите граѓани ги обележуваат овие два датуми- вели Горан Зафировиќ, претседател на Српската заедница Куманово.  

На поменот на храбрите пилоти присуствуваше претседателката на Српската зедница Гордана Стојковска Јовиќ, претседтелот на општинската организација наДПСМ  и претставници од Форум на младите и форумот на жени на ДПСМ.


 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk