Цвеќе за роденденот на Тито

25.05.2010 14:06 | KumanovoNews

 По повод 25 мај, роденденот на поранешниот претседател на СФРЈ  Јосип Броз-Тито на Градскиот плоштад пред неговото спомен одбележје денеска свежо цвеќе положија група на граѓани, почитувачи на неговиот лик и делото ,борците на НОБ и членовите на Реформираната Комунистичка Партија на Македонија.

Цвеќе за роденденот на Тито

 Во чест на Тито и Денот на младоста некогаш се носела штафетата на младоста  и се  славела енергијата, духовноста и идеалот за подобра иднина.

Денеска не само што го прославуваме роденденот на Тито. 25 мај се празнува и како Денот на младоста и драго ми е што сме тука собрани достоинствено да го прославиме овој ден. Вечно ќе ја паметиме Титовата енергија која беше непресушно насочена кон епохалното тродимензионалното југословенско-македонско револуционерно дело. Несебично својот роденден го посвети на младината, како потенцијал кој ќе го влече светот, напред во научен историски во секој поглед. Не само постарите генерации туку и помладите генерации треба да се учат и сеќааваат на минатото, бидејќи минатото е темел на иднината, а без цврсти темели неможеме да градиме цврста иднина - рече Олгица Димитриевска претседателка на општинската организација на Реформирана Комунистичка Партија на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk