Цветковски: Гласајте за кумановец во Парламентот

25.04.2014 12:42 | KumanovoNews

Носителот на листа на ГРОМ, Виктор Цветковски, денеска на прес - конференција побара од кумановци да изберат пратеник-кумановец во Собранието, кој ќе ги застапува нивните интереси.

Цветковски: Гласајте за кумановец во Парламентот

Тој потсети дека за првпат во втората изборна единица носител на листата е жител на Куманово и затоа очекува подршка од граѓаните.

Не знаеме каде оди оваа наша држава, не знаеме каде не водат сегашните политички партии и која е нивната стратегија. Се дрзнуваат да не манипулираат и лажат, да дрзнуваат да не плашат и притискаат, да не уценуваат со егзистенција и други репресивни механизми. Но, нешто друго со сигурност знаеме. Имаме достоинство и гордост, мора да се спротивставиме на сите кои го нарушуваат нашиот дигнитет и пред самите нас и пред меѓународната заедница. Ние сме тие кои храбро им се спротивставуваме и ви велиме дека нудиме нешто подобро, нешто што ќе ни донесе подобро утре - изјави Цветковски.

Тој вели дека ГРОМ има најдобра програма, но за да ја реализираат им требаат гласовите на граѓаните.

Целта на ГРОМ е да освои пратеничка група и да прерасне во поголема политичка партија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk