Цветковски и Караџински собраа потписи за избори

26.01.2013 19:52 | KumanovoNews

 Независната граѓанска опција „Кога Ако Не Сега “ уште на првиот ден ги собра потписите од граѓаните за кандидатот за градоначалник Виктор Цветковски и за независната советничка листа предводена од Драги Караџински.

Цветковски и Караџински собраа потписи за избори

Со огромна подршка од над 500 потписи собрани во првите 5 часа го остваривме законското право за учество на престојните локални избори, кои ќе се одржат на 24 март 2013. Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на сите кои несебично не поддржуваа во изминатиот период, а посебно на денешните наши поддржувачи кои на ова лошо време излегоа и го дадоа својот потпис за нашите кандидатски листи. Самиот факт, на собирање на потребниот број на потписи за толку краток период уште во првиот ден ја потврдува нашата рамноправна позиција со другите политички субјекти.

Нашите ангажмани, продолжуваат со зголемен интензитет, потикнати од огромната поддршка која доаѓа од граѓаните до конечна победа на овие локални избори-вели Александра Георгиевска, портпарол на независната граѓанска опција.

На независната листа за кандидати на советници на која е носетел Караџински се наоѓаат и Душица Сеизова-Јовановиќ, Драган Чоробенац, др. Лидија Јовчевска Ивановска, Александра Георгиевска, Зоран Петрушевска, Емилија Петровиќ и др.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk