Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Виктор Цветковски, носителот на листата во втората изборна единица на коалицијата ГРОМ, предпладнево го посети добиточниот пазар во селото Горно Којнаре, при што на сточарите им ги презентираше мерките зацртани во нивната програма.
Маката на земјоделците и сточарите е огромна, и затоа ние во нашата програма нудиме многу мерки за олеснувања во делот на откупот на нивните производи и за стимулирање на производството. Тоа наиде на одобрување кај нив и тоа за нас претставува големо задоволство. Како човек кој порано работеше во претпријатие кое стопанисува со сточниот пазар, мене многу добро ми се познати нивните проблеми и ќе направам се тие да бидат што поскоро надминати. Овде не треба да се дојде само во промотивни цели туку треба и да ги знаете вистинските проблеми на овие луѓе за да можете да им помогнете, рече Цветковски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk