Да му помогнеме на 8-годишниот Теодор да ја победи тешката болест

14.08.2023 15:05 | Оливера Пешевска

На Теодор Стојановски од Куманово му е дијагностициран тежок спектар на аутизам, поради што му е потребно лекување со матични клетки во приватна клиника во Турција. За тешката операција неопходини се 24 илјади евра, кои семјството не може само да ги обезбеди.

Да му помогнеме на 8-годишниот Теодор да ја победи тешката болест

„Теодор сега постојано врши испитувања на клиниките во Скопје и полека ја подготвуваат документацијата за заминување во Турција. Училиште посетува само по еден час дневно и тоа со помош на образовен асистент. Зависен е од родителите и не може ни да се движи самостојно. Со пресадувањето на матичните клетки се очекува шансите за оздравување да му се зголемат и да му се подобри целокупната состојба“, истакна член од семејството.

Мајката на Теодор не работи поради тоа што се грижи за него, па затоа семјетвото не е во можност самостојно да ги собере средствата. 

Сите хумани граѓани можат да се јават на броевите од Т-мобил мрежата 143-126 и на А1 мрежата 143-473. Со секое јавување се донираат по 100 денари.

За донации во МК

Теодор Стојановски 
сметка: 210147118556967

За донации во странство
IBAN: МК07240147118556967
SWIFT: UIBMMK22XXX

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk