Да не даде Господ никој да живее во вакви мизерни услови

09.03.2017 20:19 | KumanovoNews

Невладината организација „Англунипе“ денеска однесе помош во храна на семејството Маринковски во Куманово.

Да не даде Господ никој да живее во вакви мизерни услови

Претседателот Мерџан Демирали вели дека по објавувањето во медиумите на суровата животна приказна на ова семејство, се организирале најбрзо што можат да ја достават потребната помош. 

„Ова семејство е навистина загрозено и неопходна му е итна помош. Ние не правиме поделба на граѓаните, па покрај семејствата од ромската заедница, сега донираме и на македонско семејство. Посакувам да не даде Господ на никој да не му се случи вакво нешто и да живеее во вакви мизерни услови„, - изјави Демирали.

Тој контактирал невладина организација од градот за да посредува при вработување на најстарата ќерка, а апелира до социјалните служби во градот да му помогнат на семејството да ги оствари своите права.

Истовремено ги повикува граѓаните и фирмите кои можат да донираат градежен матерјал за поправка на трошната куќа, која секој момент може да падне и да повреди некој. Семејството нема бања, па има поблеми со одржување на личната хигиена. Зоран пред неколку месеци прележал туберкулоза и има проблеми со белите дробови, поради што тешко дише и зборува.  Трите деца и сопругата се со интелектуална пореченост, а само најмалиот Лука нема здравствени проблеми.  Платата што ја добива во ЈП „Чистота“ не стига само за храна и лекови.

 Голем проблем на семејството е и долгот за електрична енергија од 21.000 денари за минатата година, кој нема да го плати, па постои опасност наскоро да останат повторно без електрична енергија.

И додека граѓаните и невладините организации донираат и се организираат како да ги соберат потребните парични средства, два дена по објавување на сторијата никој од надлежните институции не го посетил семејството, ниту пак се понудил да помогне.

 Вчера помош во храна и производи за лична хигиена однесоа Црвен Крст, Крепост и неколку граѓани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk