Ако се пали оган на отворено и се предизвика пожар казната е до 8 години, потсетува СВР Куманово

19.07.2023 10:58 | Оливера Пешевска

Предизвикување на пожар е кривично дело за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици, потсетува СВР Куманово.

Ако се пали оган на отворено и се предизвика пожар казната е до 8 години, потсетува СВР Куманово

  „Апелираме до граѓаните да бидат внимателни особено во престојниот период и да не се пали оган на отворено, стрништа, пасишта и сува вегетација, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци и на тој начин заедно да придонесеме за зачувување на шумите, а со тоа да го заштитиме животот и здравјето како и личниот и имотот на другите“, велат од полицијата.

СВР Куманово додаваат дека тие преземаат мерки и активности за информирање на граѓаните и реализирање на превентивни мерки за спречување на пожари особено на отворен простор и во шуми. Во соработка со ЈП „Национални шуми“ се спроведуваат непосредни средби на граѓаните на кои им се делат летоци со основни безбедносни совети и како да се постапи при откривање шумски пожар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk