Да не се праќаат лични податоци преку мејл, социјални мрежи и смс пораки, апелира МВР

14.10.2023 09:32 | Сузана Николиќ

 Зачестена појава на т.н. фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив, било регистирано во изминатиот период од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи.

Да не се праќаат лични податоци преку мејл, социјални мрежи и смс пораки, апелира МВР

„Фишинг нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска. Фишинг нападите имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб страна или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката кој е заразен со вирус. Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик“, велат од МВР.

Со цел да ги заштити граѓаните, нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што можат да произлезат, МВР апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk