Да почнат со работа пазарите и да се врати зонското паркирање, побара Кризниот штаб

05.05.2020 07:20 | KumanovoNews

 ЈП „Пазаришта“ да го прилагоди работењето на добиточниот пазар, а ЈП „Куманово-паркинг“ да го стави во функција зонското паркирање, препорача Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) на последната седница.

Да почнат со работа пазарите и да се врати зонското паркирање, побара Кризниот штаб

- ОШЗС Куманово врз основа на решението за безбедносни мерки во однос на болеста предизвикана од вирусот КОВИД-19 кај луѓето, донесено од Агенција за храна и ветеринарство, препорачува на ЈП „Пазаришта“ – Куманово, да го прилагоди работењето на добиточниот пазар согласно мерките на Владата.

Врз основа на барање на ЈП „Пазаришта“ –Куманово, штабот препорачува да започне со работа реонскиот и зелен пазар како за продажба на храна, земјоделски производи така и за продажба на цвеќе и останати производи на второ и трето ниво од понеделник до петок од 8-16 часот. При што задолжително да се применуваат веќе утврдените мерки за заштита од вирусот, - соопштуваат од Штабот.

ОШЗС Куманово препорачува на Општина Кумановода го стави во функција зонско паркирање организирано од страна на  ЈП „Куманово паркинг“ - Куманово со цел да се уреди паркирањето и намали сообраќајниот метеж во градот.

Една од мерките на Општинскиот кризен штаб, заради спречување на ширење на коронавирусот беше ограничена работа на пазарите, а се укина и наплатата за паркирање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk