Да помогнеме четиригодишната Теодосија да ја победи тешката болест

25.04.2023 10:59 | Сузана Николиќ

Теодосија  Лазаревска од Куманово уште нема четири години, а веќе се бори со тешка болест -  тумор на бубрег (Wilms). 

Да помогнеме четиригодишната Теодосија да ја победи тешката болест

По онколошкиот третман и операцијата во Скопје,  девојчето мора да го продолжи лекувањето во Турција, за што е потребни голема сума на пари. Само за почеток на семејството му се неопходни 50.000 евра.

Теодора до крајот на неделата треба да биде на клиниката, заради тоа е потребно итно да се помогне, за побрзо да отпочне лекувањето. Со навремено обезбедување на средствата  Теодосија побрзо ќе заврши со лекувањето и ќе се врати дома да ужива во детската игра заедно со нејзиното семејство.  

Да помогнеме сите заедно малата Теодосија да излезе победник од најтешката битка во животот. Да донираме за насмевката на Теодосија да продолжи да го краси овој свет.

Со вртење на телефонските броеви:

 А1  143 470    

ТЕЛЕКОМ  143 102

Или на жиро сметка:

НАМЕНСКА СМЕТКА
210-501733077127
ТЕОДОСИЈА ЛАЗАРЕВСКА

ДЕВИЗНА СМЕТКА
IBAN: МК07210501590833417
SWIFT: TUTNMK22
ANETA LAZAREVSKA

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk