Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Здружението на приватни лекари Куманово реагираат за вчерашниот инцидент, во кој незадоволен роднина на скопските клиники пукал во лекарот и бараат да се донесе закон со кој ќе се обезбеди поголема безбедност за лекарите.
Посакуваат побрзо закрепнување на хирургот и негово враќање на работа. Лекарите велат дека пукањето во лекарот е неприфатлив чин и бараат надлежните да преземат мерки.
Лекарската етика е секако водич во работењето на лекарите и секое нарушување на тоа правило може да се санкционира со инструменти кои ги применува секоја здравствена организација и важечките закони, но не употреба на сила од страна на пациентите врз лекарите. Апелираме сите чинители и надлежни, во иднина здравствените установи да бидат обезбедени за работа, а лекарите, пациентите и нивните семејства да ги следат упатствата кои ги одредуваат самите здравствени установи. Сметам дека Министерството за здравство под итно треба да направи закон и лекарите со закон да бидат заштитени - изјави Фатмир Асани, претседател на Здружение на приватни лекари Куманово.
Асани вели дека во последно време лекарите се под голем притисок од Министерството за здравство, но и од пациентите.
Граѓаните велат дека насилното однесување кон лекарите е нецивилизиран чин.
Со насилство никако, инаку што е позадина на тоа не знаеме. Во секој случај со разговор се решава, ако имало нешто. Никој не знае што е како е, но со насилство ниту една работа не се решава - рече Весна Лефкова, граѓанин.
И другите граѓани го делат нејзиното мислење и апелираат ако има лекарски грешки, виновниците да си понесат одговорност.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk