Да се исчистат дивите депонии во градот, бара ВМРО-ДПМНЕ

29.06.2017 11:30 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека недоволно се грижи за хигиената во градот, поради што се создаваат диви депонии на јавни површини, кои се потенцијална опасност за здравјето на луѓето.

Да се исчистат дивите депонии во градот, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска се наоѓаме на влез во населбата Перо Чичо, најголемата приградска населба. Тука е направена  дива депонија, која неконтролирано се пали и чадот се шири низ околните станови и куќи. Лошо може да се одрази врз здравјето на децата и родителите кои живеат во околината. Овој дел одамна ги загубил зелените површини, а иста е сликата и низ центарот на градот. Покрај оваа депонија, низ градот на уште неколку места постојат депонии на кои сите граѓани реагираат, но сепак одговорните и градоначалникот немаат слух. Го прашуваме градоначалникот зашто не му функционираат јавните претпријатија кои се одговорни и должни да ја одржуваат хигиената во градот, - изјави Биљана Димитриевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk