Да се исчистат коритата на Пчиња и Крива река за да нема поплави, препорача Кризниот штаб

06.01.2021 12:51 | KumanovoNews

Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) на Општина Куманово, на вчерашната седница побара од АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле“ да ги исчисти коритата на реката Пчиња и Крива Река, во селата Довезенце и Јачинце, за да се спречи излевањето на водата.

Да се исчистат коритата на Пчиња и Крива река за да нема поплави, препорача Кризниот штаб

„Со оглед на прелевањето на речните корита на реките Крива Река во делот на Јачинце и Довезенце и река Пчиња во делот на с.Пчиња, ОШЗС излезе со заклучок во форма на препорака до АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле“ веднаш нивните екипи да излезат на терен со расположливата механизација и да дејствуваат во насока на надминување на состојбата во интерес на граѓаните. ОШЗС формира Комисија која веднаш доби задача да излезе на терен и направи увид во состојбата и за да го информира штабот“, соопштуваат од Кризниот штаб.

 Од Општинскиот штаб ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 донесени од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk