Да се исчисти Градскиот кеј, бара ВМРО-ДПМНЕ

22.06.2017 13:29 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт и јавните претпријатија дека се виновни за запуштеноста на парковите, кeјот и шеталиштата во градот.

Да се исчисти Градскиот кеј, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Кејот на реката е во катастрофална состојба. Одговорност за искршените бекатон плочки и пропаднати страни, треба да ги понесе градоначалникот и претпријатието, кое со багери го демолираше кејот во буквална смисла на зборот. Постои голема опасност да падне некој минувач во вода или да се повреди од многуте дупки низ целото шеталиште, кое исто така во вечерните часови не е осветлено, а и се повеќе се присутни и кучињата скитници кои преставуваат голема опасност за минувачите. Низ целото речно корито е формирана депонија која шири непријатна миризба и ги брка граѓаните и спортистите. Опасноста тука не престанува, на кејот целата патека е прекриена со некосена трева и во топлите денови кои се пред нас постои опасност од појава на змии. Тревата никој не ја коси, се додека не се осуши сама по природен пат,-изјави Ивана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа го повика градоначалникот да се посвети на решавање на проблемите кои се во интерес на граѓаните  и да ги остави внатре партиските проблеми.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk