Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопствениците на деловни објекти треба да го исчистат снегот од пред дуќаните, во спротивно им следува парична казна.
Од секторот за инспекциски надзор во општина Куманово велат дека нивни служби веќе се излезени на терен, за да проверат дали дуќанџиите си ја завршиле работата.
“Веднаш да отпочнат со чистење пред деловните простории, во спротивно следуваат санкции од 50 евра согласно Законот за комунални дејности. Пред дуќани и тротоари треба се да се исчисти“ - вели Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.
Дел од дуќанџиите утрово со лопати и метли го чистеа снегот од пред нивните дуќани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk