Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Строго да се казнат сите што палат оган во шума и стрништа, бидејќи ја загрозуваат нашата безбедност и егзистенција, бараат од МШ
Само со заеднички сили и превентивни акции може да се заштити шумскиот фонд и да им се застане на пат на оние кои намерно предизвикуваат пожари, ова беше заклучок на претставниците на Македонски шуми, шумската гранична и униформирана полиција, ловечките друштва, инспекциските служби, дирекцијата за кризи и противпожарната единица, кои денеска одржаа состанок за справување со шумските пожари, на иницијатива на СВР Куманово.
„ Сите кои ќе видат дека некој пали стрниште или опасност од појава на пожар веднаш да пријави за да можеме да навремено да се интервенира. Тие луѓе треба да се казнат бидејќи ја загрозуваат нашата безбедност и егзистенција. Да ги преземеме сите потребни мерки и да не дозволиме да има појава на големи пожари кои го уништуваат шумскиот фонд и богатството што ни ги дала природата. Ние имаме организирана чуварска служба која навремено ќе реагира за да не дојде до несакни последици. , - рече Ваит Саити, директор на подружницата на Шумско стопанство Куманово.
Кумановско-липковскиот регион е поделен на 10 пунката на кои шумочуварите ќе имаат задача да се грижат за шумата. Нив ќе им помагаат и сите други институции кои се сродни со нивната работа, како и граѓаните.
Помошникот директор за заштита на шумите во МШ, Горан Стојковски, информираше дека на територијата на општина Куманово минатата година се регистрирани 13 шумски пожари, а само три оваа година. Тој потсети дека сезоната на пожари допрва доаѓа поради високите температури, но се надева ќе немаат работа бидејќи ги преземале сите мерки за заштита.
„Главен фактор за пожарите се високите температури, но во 99 случаи ги предизвикува човекот поради своето невнимание. Затоа ни е потребна соработка од сите институции, доколку се реагира навреме штетата ќе биде помала. Бројката на пожари минатата година беше мала благодарение на нашата ангажираност и кампањите кои ги водиме. Воведовме и ограничување за движење во шумите и мислам дека тоа ќе вроди со плод , - рече Стојковски.
Од 6 јули до 15 август воедена е забрана за движење на сите лица во шумите од 7 до 17 часот, освен оние што имаат дозвола од македонски шуми. За сите кои не ја почитуваат одлуката следуваат казни од 1500 до 2000 евра.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk