Да се одјават возилата со истечени сообраќајни дозволи, апелира МВР

08.02.2022 20:43 | Сузана Николиќ

Министерството за внатрешни работи апелира до сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години законски се должни да го одјават своето возило во МВР, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

Да се одјават возилата со истечени сообраќајни дозволи, апелира МВР

„Исто така, согласно пропишаните норми - сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако: возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија, ако возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини“, соопштува МВР.

 МВР ги повикува граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 30.јуни 2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура. 

 Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило во МВР во согласност со законските надлежности ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ќе преземат мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk