Да се поднесат барања за финансиска поддршка на руралниот развој

16.10.2015 08:36 | KumanovoNews

До крајот на ноември годинава во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, треба да се достават барања за финансиска поддршка на руралниот развој во 2015 година.

Да се поднесат барања за финансиска поддршка на руралниот развој

Помош се доделува за зачувување на руралните средини и нивните традиционални карактеристики, односно надомест за одржување на пасишта, ливади и овчарство. Се доделуваат 80 отсто до просечна месечна бруто плата во дејноста за одгледување и напасување на добиток во место кое е со надморска височина над 700 метри. За места кои се со надморска височина под 700 метри се доделуваат 40 отсто од месечна бруто плата во дејноста. Ваква поддршка може да добие само едно вработено лице на 150 грла овци, едно лице на 50 грла кози и едно лице на 80 грла говеда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk