Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марокански скакулци се распространети на пасиштата во државата и од Министерството за земјоделство излегоа со препорака да се испрскаат овие површини за да навреме се уништи штетникот.
- Во подоцните фази на нивниот животен стадиум тие добиваат крила и мигрираат на поголеми растојанија повеќе пати дневно, правејќи штети на сите растенија и скоро никако не можат да се уништат. Затоа е потребно на територија на цела Република Македонија да се откријат овие легла кои ги знаат сточарите. Тие легла се со мала површина и лесно можат да се уништат со моторна грбна прскалка со примена на пропишаните дози од препорачани инсектициди. Тоа треба да го стори месното население - се вели во соопштението.
Може да се прска со препаратите: дециз 10, фури 10 ЕЦ, фастац 10 ЕЦ, директ - ветерина и фастац 10 СЦ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk