Да се сплотиме пред изборот и одлуката за Стево Пендаровски, повика НСДП

03.05.2019 10:22 | KumanovoNews

Од Новасоцијалдемократска партија (НСДП) Куманово ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, во вториот круг на изборите, бидејќи тие се клучни за нашата иднина.

Да се сплотиме пред изборот и одлуката за Стево Пендаровски, повика НСДП

„Дали ќе одиме напред, дали ќе продолжуваме со развиениот свет или ќе дозволиме блокада на нашите шанси и ќе се вратиме назад во лошото минато. Наша одговорност како политичари е да се развива земјата и да оди напред, но подготвени сме и на критики кои чесно ќе ги прифатиме.Но, на 5 мај, да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме пред изборот и одлуката. Знаеме колку многу е потребно изборите да успеат и да победи напредната опција,знаеме дека масовно треба да излеземе и да гласаме сите. Сечиј глас е важен и со право се обраќам до сите наши граѓани Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи и др. да излезат на 5 мај и гласаат за иднината на земјата, за иднината на децата, да ја подржиме опцијата со која ќе продолжиме Напред. Па, затоа почитувани сограѓани, почитувани членови и симпатизери на НСДП ве повикувам во недела на 5 мај да излеземе масовно и дадеме глас за опција заедно напред под реден број 3 и за идниот преседател  на Република Северна Македонија, господинот Стево Пендаровски“, - изјави Благојче Јакимовиќ, советник од НСДП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk