Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат до граѓаните да внимаваат при прошетки во природа, поради присуство на змии.
Оттаму велат дека змиите најчесто бегаат од луѓето, но доколку бидат вознемирувани или случајно нагазени или наседнати тогаш може да нападнат и да каснат.
Во такви ситуации да се побара помош на бројот за итни случаи 112, по што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Исто така, важно е да се потсети дека ако змијата е отровна, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се добие и медицински третман.
„За вакви специфични случаи на појава на змии во објекти во населени места, не постојат специјализирани институции нивно отстранување, туку има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, коишто можат да им помогнат на граѓаните за безбедно отстранување на змии, други влекачи од објекти и површини. Таквиот ангажман и слично, се остварува секако по непосреден контакт и договор со нив, во рамки на заеднички, а и законски можности“, велат од ЦУК.
Инаку, змиите се дел од природата и не е препорачливо да се убиваат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk