Дактилографка фалсификувала доставница

21.10.2012 21:25 | KumanovoNews

  Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.П. (51) од Куманово, дактилографка во Основен суд Куманово за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Дактилографка фалсификувала доставница

 Во мај годинава, пријавената на доставницата за лично доставување внела невистинит датум за прием, иако доставата била извршена два дена порано од наведениот, по што истата ја придружила кон останатите списи во предметот, додека доставницата на која бил наведен вистинскиот датум на достава ја уништила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk