Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Музичко - поетска вечер, под мотото „Дали се рабираме?“ ќе се одржи вечерва /петок/, со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Куманово.
Се работи за промоција на млади таленти, поети и музичари кои ќе се обидат да направат компарација меѓу поезијата и рап музиката.
„Преку класичната поезија и рап музиката сакаме до повозрасната публика да ги приближиме работите што нас не интересираат, но и да покажеме пред врсниците и младите што е тоа што го создаваме. Ова е аматерски обид за претставување, во пресрет ни излегоа вработените во Центарот за култура кои ни овозможија да го искористиме нивниот простор и обезбедија техничка поддршка на настанот“, истакна Теодор Јакимовски, ученик во гимназијата „Гоце Делчев“, кој е творец и организатор на настанот.
Вечерта ќе настапат Теодор Јакимовски, Никола Богатиновски, Јован Цветковиќ, Иван Јовановски, Кристијан Васиљковски и Владимир Стојановски во музичкиот дел и поетите Ана Љубиќ и Андреј Анѓелковиќ.
Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk