Дамјановски: 15 фирми добија тендери за работа во Општината

10.04.2012 14:47 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека фирмата „Хуљуси комерц„ е привилегирана, и добива милионски суми на тендери за реконструкција и одржување на улиците во Општината Куманово.

Дамјановски: 15 фирми добија тендери за работа во Општината

За изградба и реконструкција на улици, фекална канализаци, спортски објекти и училишта, во Куманово за 2011 година има потрошено 170 милиони денари. Во изградбата на овие објекти учествувале 15 фирми. Од целокупниот износ фирмата „Хуљуси-комерц„, наплатила 30 милиони денари или 18 проценти од сретствата. Сакам граѓаните да знаат дека Законот за јавни набавки, налага секоја јавна набавка од оваа година да биде по електронска аукција, каде што општината нема никакво влијание. Цената е основен и најважен елемент, и диктира кој ќе го добие тендерот - вели Дамјановски.

 Тој информираше дека фирмата „Хуљуски-комерц„, располага со база и современа механизација, поради што е ангажирана и во скопските општини, каде градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ.  Дамјановски, обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ ги смета за политички маркетинг, заради собирање на ситни политички поени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk