Дамјановски: Ќе го продолжиме проектот за енергетска ефикасност

04.04.2013 14:16 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски, најави подобрување на енергетската ефикасност во стамбените објекти и локалните институции, доколку ја добие довербата на гласачите.

Дамјановски: Ќе го продолжиме проектот за енергетска ефикасност

 Се наоѓаме пред пет нови фасади, кои му дадоа нов лик на Градскиот плоштад. Тоа е едната естетска страна на проектот, а другата е енергетската ефикасност. Општината партиципира со 30 проценти во проектот, а се реализира во соработка со организацијата Хабитат. Овие проекти се потпишани, договорени и тие ќе течат и понатаму. Би сакал да најавам дека ќе работиме и на енергетската ефикасност во училиштата, промена на прозорците, каде имаме нов систем на греење. Втора работа кој е многу важна се штедливите светилки, 14.000 сијалични места во Куманово ќе бидат заменети со штедливи светилки со ќе имаме заштеда од 40 до 60 отсто електрична енергија - изјави Дамјановски.

Дамјановски смета дека на државата и се заканува финансиска криза по теркот на Грција, и затоа се многу важни новите вработувања.

Тој уште еднаш повтрои дека се врши притисок во изборната кампања, со присуството на повеќе министри во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk