Дамјановски ќе менува и раководители на сектори?

05.09.2013 09:18 | KumanovoNews

 По разрешувањето на повеќето директори во јавните претпријатија, градоначалникот Зоран Дамјановски најави смени и на раководителите на сектори.

Дамјановски ќе менува и раководители на сектори?

Наскоро ќе има промени во секторите на јавната администрација, она што е дозволено со законот за државни службеници. Постапките ќе бидат максимално транспарентни и во согласност со правилникот и законите за локална самоуправа. Она што го ветивме, дека ќе одиме со нови сили, нови идеи и визии за градот ќе го исполниме. - изјави Дамјановски на промоцијата на новиот директор во ЈП Водовод.

По потришувањето на коалицискиот договор на СДСМ и ДУИ, во изминатите неколку месеци беа сменети  директорите на Пазариште, Куманово-паркинг, Куманово-гас и Водовод, а од стариот состав на функцијата остана само првиот човек на „Чистота и Зеленило„.

Директорот на ова претпријатие сеуште има активен мандат и ќе видиме каков ќе биде понатамошниот договор со оние што го менаџираат политичкиот дел и инструкциите кои ќе ги добиеме од таму. Сите менаџери во јавните претпријатија се поставени со политичка одлука, а не само врз основа на индивидуални квалитети.- додаде Дамјановски.

Градоначалникот објави дека смени ќе има и во јавните општински институции, а во тек е оглас за пополнување на директорското место во Старачки дом, кој во политичката поделба му припадна на ДУИ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk