Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски најави дека ќе најде решение на проблемот со појава на змии во дворовите на зградите на Октомвриска револуција, откако ќе се консултира со надлежните.
Според него високите температури и неискосената трева се причина за влечугите, па најави дека јавните претпријатија ќе се вклучат во средување на зелените површини.
Ние за прв пат се соочуваме со овој проблем, мислам дека ќе изнајдеме решение. Ако треба ќе направиме и некоја брза набавка. Но мислам дека проблемот ќе го решаваме и со косење на тревата и расчистување на другата страна од реката, за да се оневозможи пристап на влекачите на површина каде живејат луѓето. Ќе преземеме активности на две нивоа, прво во консултација со надлежните како да се справуваме, но да се ангажираат и јавните претпријатија и граѓаните, за уредување на просторот околу зградите, - изјави Дамјановски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk