Дамјановски да го разреши Димитриевиќ бара ВМРО-ДПМНЕ

23.03.2017 14:45 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побараа од надлежните институции да го разреши од функцијата директорот на Кумановската гимназија, по скандалот со разголените фотографии кои се најдоа на социјалните мрежи.

Дамјановски да го разреши Димитриевиќ бара ВМРО-ДПМНЕ

„Речиси две недели граѓаните на Куманово чекаат разрешница на овој немил настан кој длабоко ги вознемири сите. Запрепастени сме и од реакцијата на градоначалникот, којшто наместо да осуди и да го разреши директорот, го штити и го остава се уште да ја извршува функцијата директор во образовна институција во која се едуцираат нашите деца“, – изјави Златка Божиновска, советничка во Советот на општина Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа уште еднаш побара вонредна седница на Советот на Општината, а го повика и Народниот правобранител да отвори постапка за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk