Дамјановски: Директорот ќе биде сменет ако се докаже дека е виновен

20.03.2017 12:10 | KumanovoNews

Во наредните неколку денови ќе има разрешница во случајот со директорот на кумановската гимназија Горан Димитриевиќ по објавување на компромитирачките фотографии на социјалните мрежи, најави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Дамјановски: Директорот ќе биде сменет ако се докаже дека е виновен

Тој вели дека го очекува извештајот од истрагата на МВР дали фотографиите се монтирана или вистински, за да ги преземе понатамошните чекори.

 „Во текот на наредните денови ќе имаме разрешница, очекувам известување од службите на МВР, бидејќи е пријавено како хакерски упад во самиот профил на директорот. Јас оставив таа работа да се докаже, ако има вина сигурно дека ќе има санкции во однос на позицијата директор во гимназијата, меѓутоа не може да реагираме само врз основа на шпекулации. Треба да се остави да се докаже вината или невиноста на директорот за да се преземат понатамошните чекори, - изјави градоначалникот Дамјановски.

Градоначалникот рече дека се сретнал со директорот Димитриевиќ, но тој му тврдел дека фотографиите се монтирани а тој бил уценувам од непознати лица за 8.500 евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk