Дамјановски доби решение за новиот мандат

17.04.2013 12:20 | KumanovoNews

 Од Општинската изборна комисија Куманово, денеска на градоначалникот Зоран Дамјановски, му врачиа уврение за освоен мандат во наредните четири години да ја извршува функцијата градоначалник на Куманово.

Дамјановски доби решение за новиот мандат

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за мене, но и на сите оние кои го дадоа својот глас за другата опција, без разлика на етничката, политичка и друга припадност. Покажаа висока демократска свест и на тој начин покажаа дека вољата на граѓаните е пресудна. Истовремено се заблагодарувам и на Општинската изборна комисија, кои професионално си ја одработија работата и го почитуваа изборниот законот, и со тоа покажавме дека изборниот процес беше регуларен. Ветувам дека довербата ќе ја оправдам како и во изминатите 8 години, бидејќи овој избор е резултат на предходното работење. Круна на мојата работа и заложба, ќе биде реализација на проектите од општ интерес на граѓаните и економскиот развој на градот, проектот „Моето маало„, комуналните проблеми, социјалната политика, културниот живот, со што ќе добиеме просперитено, развиено и европско Куманово- изјави Дамјановски.

   Решението му го врачи претсдетелката на ОИК Виолета Арсовска, која му посака многу успех во  работата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk