Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово тврди дека ЕВН без предупредување го исклучила напојувањето на електрична енергија за осветлување на улиците „Трета МУБ„, „Октомвриска револуција„ и населбата „Карпош“, поради што тие останале во мрак.
Тој најaвува судска разрешница за случајот, заради неправилно исклучување и без спроведена процедура.
„ Вчера без налог е прекината испораката на електрична енергија. Не ми е јасно зошто тоа е направено во петок во 14 часот, бидејќи таксата за улично осветлување што ја собира ЕВН се уплаќа од 15 до 17 во месецот. Ние имаме два месеци неподмирен долг, но вредноста на долгот е помала од таксата што е соберена. Нема налог, нема предупредување а денеска се држи конференција за печат. Повеќе од јасно е дека нивниот член на управниот одбор постојано води војна со Куманово, - изјави Дамјановски.
Тој додаде дека денеска разговарал со претставниците од ЕВН и очекува проблемот да се реши во понеделник.
На уште три места во градот, во централното градско подрачје и улицата „11 Октомври“, улиците се во мрак поради дефект на регулаторите за дневно и ноќно вклучување на електричната енергија, и тоа ќе се реши во најкраток период, најави градоначалникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk