Дамјановски: Гласајте за победничкиот тим на Сојузот за иднината

22.03.2013 13:24 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз на иднината, денеска ги повика граѓаните на Куманово, во недела да ја дадат подршката за градоначалник и советници под реден број 42.

Дамјановски: Гласајте за победничкиот тим на Сојузот за иднината

Ве повикувам масовно да излезете на изборите и да дадете глас за Сојузот на иднината. Со тоа давате глас за поубава Македонија, економски просперитетна, европски интегрирана и безбедна држава. На овие избори не се работи само за интересите на градот, овие избори се значајни и за тоа што ќе ни се случува понатаму на политичката сцена во државата. Дајте го гласот за победничкиот тим на СДСМ, Зоран Дамјановски и Сојузот на иднината-порача Дамјановски.

Во името на советничаката листа на коалицијата подршка од гласачите побара носителот на листата Максим Димитриевски.

Ве повикувам да излезете на гласање и да направите разлика помеѓу она што е континуитет во работењето и она што значи популизам и празно ветување. Во овој град СДСМ и неговите коалициони партнери, предводени од нашиот репрезент градоначалникот Зоран Дамјановски направија многу и верувам дека ќе ја добиеме вашата подршка да продолжиме со проектите и да започнеме нови кои ќе носат добро на граѓаните- рече Димитриевски.

 Двајцата ги повикаа членовите, симпатизерите и граѓаните масовно да дојдат на вечерашниот завршен митинг на Сојузот на иднината во 19.30 часот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk