Дамјановски го осуди инцидентот со знамето

31.03.2017 16:46 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Куманово,  Зоран Дамјановски го осуди однесувањето на луѓето кои го тргнале државното знаме од јарболот во центарот на градот и и на негово место поставиле знаме на туѓа држава, но смета дека се работи за изолиран инцидент кој нема да влијаа врз меѓуетничките односи во општината.

Дамјановски го осуди инцидентот со знамето

 „Го осудувам инцидентот бидејќи знамето е симбол на суверенитет и интегритет на една држава. Неговото симнување е доказ за вандализам и непочитување на државните симболи, поради општата состојба во државата и политичката хистерија во владеачката партија. Се работи за индивидуален чин, кој нема да влијае на безбедносната состојба во општината и ги повика граѓаните да бидат смирени и да не наседнуваат на провокации, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Тој појасни дека иако јарболите не се во надлежност на општината тие обезбедиле возило кое се користи за улично осветлување во градот, да биде поставено ново македонско знаме на јарболот во центарот на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk