Дамјановски и Раковец разговараа за заеднички проекти

15.12.2014 11:51 | KumanovoNews

Словенечкиот амбасадор, Бранко Раковец денеска ја посети општина Куманово при што со градоначалникот Зоран Дамјановски разговараа за реализација на заеднички проекти во повеќе области.

Дамјановски и Раковец разговараа за заеднички проекти

Покрај економска, можна е соработка на полето на екологијата и за подобрување на животот на лицата со посебни потреби.

“Ќе имаме проекти од екологијата, едуактивниот процес. Дојдовме до сознанија дека можеме да аплицираме за подобрување на условите во едукативниот процес. Можеби и за соработка во однос на децата со посебни потреби, за поддршка на дневните центри и проширување на капацитети, за продлабочување и усовршување на соработката. Ова е конкретна посета, со конкретни точки и се надевам дека ќе имаме позитивни ефекти од нашата билатерална соработка“ - изјави Дамјановски.

Амбасадорот Раковец кажа дека оваа посета е дел од серија посети низ Македонија.

“Да се овозможи размена на контакти меѓу словенечките и македонските претпријатија. Исто така стана збор за развојна соработка, обезбедување на техничка помош каде имаме неколку идеи. Се надевам дека идната година ќе реализираме конкретни проекти во оваа област. Сега е уште рано нешто конкретно да се каже, но имаме идеи и ќе видиме дали тоа може да се реализира“ - вели Раковец.

Амбасадорот потенцираше дека Куманово има добра соработка со Словенија, што се потврди и со неодамнешното потпишување на меморандум за соработка меѓу Куманово и Марибор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk