Дамјановски: Јас сум сигурен победник на 7 април

28.03.2013 12:55 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски денеска ги обвини неговите политички опоненти дека водат валкана кампања преку медиумите и го повикана кандидатот за градоначалник Зоран Ѓеорѓиевски на телевизиски дуел за да се види кој што направил за градот.

Дамјановски: Јас сум сигурен победник на 7 април

Јас сум убеден дека на 7 април граѓаните ќе пресудат, ќе пресудат во наша корист. Ја користам оваа можност да го повикам мојот противкандидат на дуел, пред јавноста на која сака телевизија, да излеземе да дебатираме, што е наша ингеренција, каде е нашиот успех и неуспех, а не да се користат подли медиумски кампањи и да се сликаат некои ќошови и зафрлени места.  Се покажува само грдата слика на Куманово. Но, Куманово е и овој дел она што го направивме во изминатите години. Во наредните денови јас и граѓаните ќе се спротивставиме на црвената фурија која сака да ја зафати Македонија.  Јас ќе застанам на страната на народот против сите нивни инструменти. Јас сум сигурен победник на 7 април.  Затоа јавно го предизвикувам на јавен настап Ѓеорѓиевски, а не да се крие зад медиумските штитници - изјави Дамјановски.

 Дамјановски ги отфрли шпекулациите дека ќе се повлече од изборната трка, кои вчера беа пласирани на некои сајтови и социјалните мрежи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk